Репрезентацијата на Македонија со пораз го започна Европското првенство. Подобра од нашата репрезентација денес беше Словенија (27:25), но сепак ние не разочаравме.
Кога се ќе се собере се добива впечаток дека Словенија на искуство го доби натпреварот со нашата подмладена репрезентација. Задоволство од она што го прикажавме на теренот по мечот истакна и Лазаров.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Горд сум на тоа што го прикажаа момците денес. Словенија е репрезентација која има играчи во најдобрите тимови во Европа. Секако дека сум разочаран затоа што мислам дека заслуживме најмалку бод, па и два. Физички ги уморивме и ги надигравме, на крајот како да не верувавме дека можеме да победиме. Се обидов да ги убедам, но не усепав и тоа единствената работа од која сум разочаран. Тоа што треба сега да го направиме е да го заборавиме овој натпревар и да се спремиме за следните два“.
Следи натпреварот со Црна Гора. „Треба прво да победиме против Црна Гора, па потоа да мислиме на Данска. На големите натпреварувања секој натпревар е тежок, но очекувам да бидеме се подобри и подобри. На вистинскиот пат сме со овие млади момци“, истакна Лазаров.