Дома Македонски спорт Лазаров го пушти во употреба мултифункционалното игралиште во Свети Николе кое го носи неговото име 📸

Лазаров го пушти во употреба мултифункционалното игралиште во Свети Николе кое го носи неговото име 📸

Најдобриот македонски ракометар, а од минатата сезона и селектор на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров денес доби свое мултифункционално игралиште, кое и официјално го пушти во употреба.

Во организација на Видеолотарија на Македонија, легендата на македонскиот и светиниколскиот ракомет Кирил Лазаров, автомобилскиот ас Иџе Стефановски, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ЈКП Комуналец и други помагатели вчера беше пуштен во употреба овој велелетен проект во Свети Николе, насловен како мултифункционалното спортско игралиште ,,Кирил Лазаров “.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Лазаров како бренд амбасадар на Видеолотарија се потсети на своите почетоци, бидејќи токму на ова игралиште ги направи првите чекори. Сега со комплетното реновирање и беспрекорниот изглед, младите спортисти од Свети Николе ќе имаат одлични услови за надградба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…