Дома Македонски спорт Мак фудбал „Лавовите“ славеа во Прилеп: Македонија Ѓорче Петров е последниот четвртфиналист во Купот на Македонија

„Лавовите“ славеа во Прилеп: Македонија Ѓорче Петров е последниот четвртфиналист во Купот на Македонија

Бранителот на трофејот во купот, Македонија Ѓорче Петров е последниот четвртфиналист откако денес во Прилеп славеше против Победа со 0.2.

Победата на „лавовите“ беше најавена уште после пет минути игра откако Емир Скендери го отвори резултатот. Веќе во 19. минута преку Ермедин Адем, „лавовите“ поведоа со 0:2 и така ја најавија победата. До крајот видовме уште неколку прилики, но резултатот не се промени.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овој дуел требаше да се игра пред две недели, но се одложи поради настапот на младинскиот тим на Победа во младинската ЛШ. Четвртфиналисти од претходно се: Академија Пандев, Шкендија, Шкупи, Вардар, Струга Трим Лум, Брегалница и Силекс.

Фото: ФК Македонија Ѓорче Петров

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…