Карате федерацијата на Македонија го организира Државното првенство за сениори кое ќе се одржи на 27.03.2021 (сабота) во малата сала при СЦ „Борис Трајковски” во Скопје.
За сениорското првенство пристигнати се 111 пријави од 29 карате клуба со вкупно 105 каратисти – сениори, во машка и женска конкуренција, во дисциплините кати и борби.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според сатницата, турнирот ќе започне во 09:30 часот а финалните натпревари се во 14:00 часот, кои ќе бидат директно пренесувани на каналот на МОК ТВ на следниот линк:
Настанот ќе биде организира без присуство на публика, согласно добиените протоколи од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.