Според информациите на медиумите, Бразилецот Фелипе Кутињо би можел да направи изненадувачки трансфер.
Интерес за Кутињо покажал турски Бешикташ и преговорите помеѓу двете страни веќе започнале. Бешикташ сезоната ја заврши на третото место во Суперлигата и се квалификуваше Конференциската лига, па ја планира екипата за новата сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот Емре Кочадаг во една изјава ги најави клупските планови.
„Нашата цел во новата сезона е првенството. Ќе имаме нови трансфери. Во овој момент преговараме со играч кој играл „десетка“ во Шпанија, Англија и Германија“, изјави Кочадаг.
Медиумите тврдат дека откриле дека тој играч е токму Кутињо. Турскиот клуб на Астон Вила и понудил позајмица со опција за откуп. Бешикташ сака да плати 40% од платата на Кутињо во првата сезона и да ја задржи можноста за откуп.