Дома Трансфер зона Кутињо прави изненадувачки трансфер

Кутињо прави изненадувачки трансфер

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта планира на лето да го продаде Кутињо, пренесуваат шпанските медиуми.

Главната причина за продажбата се 20-те милиони евра кои Каталонците ќе мораат да му ги платат на Ливерпул, ако Кутињо запише 100 настапи за Барселона.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Таквата ситуација сака да ја искористи Евертон, кој е спремен да плати 50 милиони евра, колку што бара Барселона за неговата слобода.

Кутињо сака да се врати во Премиер лигата, но овој трансфер би бил шокантен поради неговото минато во Ливерпул.

Покрај Евертон интерес за Бразилецот покажуваат уште Арсенал и Тотенхем, но Карло Анчелоти може да одигра клучна улога во трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…