Барселона конечно барем накратко успеа да се ослободи од Фелипе Кутињо.
Веќе некое време на „Камп Ноу“ бараа начин да се ослободат од фудбалерот кој има огромна плата, а не е во прв план. Кутињо во изминатите месеци се поврзуваше со разни клубови, најмногу со оние од Премиер лигата. Утрово и двата клуба потврдија дека Кутињо оди на позајмица во Астон Вила.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Позајмицата е до крајот на сезоната, а англискиот клуб ќе ги покрива трошците за бразилскиот фудбалер што значи дека Барселона во овој период ќе го растерети буџетот и ќе може да го регистрира Феран Торес.
Договорот на Кутињо со Барселона е до летото 2023 година.
Welcome, Philippe Coutinho! 🙌
— Aston Villa (@AVFCOfficial) January 7, 2022
Aston Villa and FC Barcelona have agreed terms for Philippe Coutinho to spend the rest of this season on loan at Villa Park. 🇧🇷