Дома Фудбал Репрезентации Куртоа: Не знам зошто ќе играме за трето место во Лига на Нации

Куртоа: Не знам зошто ќе играме за трето место во Лига на Нации

Репрезентацијата на Белгија претрпе пораз од Франција во полуфиналето во Лигата на Нации и така оваа генерација пропушти можност да дојде до уште еден трофеј на европска сцена.

Белгијците беа одлични во првото полувреме, но во второто Французите направија пресврт и славеа со 3:2. За Белгија ова не е крај на натпреварувањето ги чека уште еден натпревар против Италија во кој ќе играат за третото место.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не е важно што сме изгубиле од Франција, тоа не е ја намалува фрустрацијата. Тоа е што е, сега треба да се сконцентрираме на Италија во недела, иако јас не гледам поента во тој натпревар. Третото место во Лигата на Нации не значи ништо, не знам зошто се игра тој натпревар“, изјави Куртоа.

Натпреварот за трето место како и финалето се игра в недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Да не беше фудбалер Лука Модриќ ќе беше… интересно

Средниот фудбалер на Милан Лука Модриќ откри со што би се занимавал ако не беше фудбалер и…