Реал Мадрид со победата против Ливерпул во саботата ја освои 14-тата титула во Лигата на шампионите. Единствениот гол на натпреварот беше дело на Винисиус Жуниор, но големи заслуги за триумфот има и голманот Тибо Куртоа кој правеше чуда.
Куртоа имаше девет чисти одбрани, а некои од нив беа навистина тешки. Сега „Марка“ пренесува информација дека Куртоа пред финалето имал проблеми со препоните и играл повреден, сепак очигледно дека таа повреда не влијаела на беглискиот голман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Куртоа го очекуваат обврски за репрезентацијата на Белгија, меѓутоа лекарскиот тим на репрезентацијата бил известен за ситуацијата и повредата, па во наредните денови ќе биде одлучено дали ќе може да помогне на својата репрезентација или пак ќе добие одмор.