Денес се одиграа натпреварите од осминафиналето во македонскиот куп.
Екипата на Шкендија минимално со 1:0 славеше победа над Гостивар. Тетовци поради новиот систем на натпреварувањето го прескокнаа првото коло, а денес ја оправдаа улогата на фаворит и го совладаа Гостивар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ждрепката одлучи Шкендија да биде домаќин, меѓутоа бидејќи стадионот во Тетово се игра натпреварот се играше во Гостивар. Шкендија од самиот старт ја наметна својата игра, а голот на одлука го постигна Тотре од пенал после само 15-тина минути игра.
Вардар кој сезонава со оглед на составот во кој игра не е фаворит против никого добро се држеше против Академија Пандев, но Струмичани со гол во 92. минута стигнаа до победа и пласман во следната фаза.
Шкупи во првото полувреме ја заврши работата против Кит Го Пехчево. По само пет минути игра во овој дуел Шкупи водеше со 2:0. Нето отвори во 3. минута, додека Билали си постигна автогол две минути подоцна. До крајот на првиот дел Глишиќ и Адеми погодуваа за 4:0. Конечните 5:0 ги постави Гоудијаби во 51. минута.
Македонија Ѓорче Петров со убедливи 6:0 ја совлада Каменица Саса. Домаќините натпреварот го решија со три гола во првиот и три гола во вториот дел.
Во прволигашката пресметка Ренова на пенали беше подобра од Пелистер откако после регуларниот дел беше 2:2.
КУП РЕЗУЛТАТИ:
Академија Пандев – Вардар 1:0
Брегалница – Беласица 0:1
Кожув Гевгелија – Силекс 1:3
Македонија Ѓ.П – Каменица Саса 6:0
Ренова – Пелистер 2:2 (6:5)
Шкендија – КФ Гостивар 1:0
Шкупи – Кит Го Пехчево 5:0
Струга Трим Лум – Работнички 0:0 (4:3)