Дома Фудбал Куман откри каков играч сака до крајот на трансфер пазарот

Куман откри каков играч сака до крајот на трансфер пазарот

Тренерот на Барселона, Роналд Куман потврди дека сака до затворањето на трансфер пазарот да биде донесен уште еден централен напаѓач.

Куман го потврди доаѓањето на Сржињо Дест, но истакна дека сака да има по двајвца играчи на секоја позиција, па поради тоа има потреба од еден централен напаѓач.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Барселона преговара со Лион за трансфер на Мемфис Депај, кој е најголема желба на Куман, но двата клуба не можат да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.

„Би сакал да имам по двајца играчи на секоја позиција.Лео и Гризман можат да играат како централни напаѓачи, но не се таков тип на напаѓачи. Бараме уште еден класичен напаѓач“, потврди Куман.

Трансфер пазарот се затвора на 5 октомври, па Барселона има уште неколку дена да го исполни барањето на Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Една изјава ги загрижи сите во Аргентина: Меси нема да настапи на Светско првенство!?

Лионел Меси даде изјава која ги изненади многумина по победата против Венецуела. Ова беше …