Дома Фудбал Куман: Нема да бидеме ниту среќни, ниту тажни за Суарез

Куман: Нема да бидеме ниту среќни, ниту тажни за Суарез

Луис Суарез на одличен начин дебитираше за Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ ја разбија Гранада со 6:1, а Атлетико за 20-тина минути поминати на терен постигна два гола и запиша една асистенција.

Неколку часа подоцна својот натпревар од Ла Лига го играше и Барселона која лесно го совлада Виљареал со 4:0.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


После натпреварот шпанските новинари побараа од Куман да го прокоментира настапот на Суарез, а Холанѓанецот остана прилично ладен.

Луис Суарез е голем напаѓач, но ја донесовме таа одлука заедно со клубот. Нема да бидеме среќни ако постигнува голови, а нема да бидеме ниту тажни ако тоа не го прави. Му посакувам се најдобро, ние мислиме само на себе“, изјави Куман.

Суарез ја напушти Барселона после шест години. За тој период 198 постигнати гола стана трет најдобар стрелец во историјата на клубот зад Цезар Родригез (238) и Лео Меси (634).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бетис нуди нов договор на Иско, кој ќе го израмни со Антони

Бетис подготвува нов договор за 33-годишниот играч од средниот ред Иско, кој ќе го стави р…