Дома Фудбал Останато Куман жестоко удри по Барселона: Никој во клубот не мисли на иднината!

Куман жестоко удри по Барселона: Никој во клубот не мисли на иднината!

Барселона летово ги потврди трансферите на Илкај Гундоган и Ињиго Мартинез, а политиката на доведување вакви играчи ја критикуваше поранешниот тренер на овој клуб, Роналд Куман.

Според Куман, Барселона ангажира ветерани и воопшто не мисли на иднината. Според него многу подобро било клубот да доведе играчи кои имаат 22-23 години, отколку како сега по 10-тина години постари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Барселона и луѓето во клубот воопшто не миуслат на иднината. Гундоган е одличен, но требало да дојде порано. Ми изгледа како да не се мисли на иднината. Кога јас бев тренер, немавме пари, но ги имавме Педри, Нико, Гави…

Во Холандија навиканти сме да им даваме шанса на помладите. Не е проблемот Гундоган, такви играчи можете да доведете во секое време, ако мислитет на иднината подобро е да пронајдете некој 22-годишник отколку некој кој има 32-33 години“, изјави екс-стратегот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…