Дома Фудбал Куман до Лапорта: Со овие играчи од мене не можеше да очекуваш многу

Куман до Лапорта: Со овие играчи од мене не можеше да очекуваш многу

Шпанскиот новинар Алфредо Мартинез пренесува некои интересни детали од последниот состанок во Барселона.

Претседателот на Барселона, Лапорта се сретнал со Куман за да разговараат за неговата иднина после кризата во таборот на Каталонците. После тој состанок наводно Лапорта донел одлука да го задржи Куман, иако во јавноста и понатаму се пишува за неговите можни наследници.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


После репрезентативната пауза Барселона на свој терен ја пречекува Валенсија, а три дена подоцна на гости им пристигнува Динамо Киев во рамките од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите. Третиот натпревар кој според информациите е дел од ултиматумот на Лапорта е „Ел Класико“. Имено, Барса на 24. октомври на свој терен игра против Реал и некои најави говорат дека по тој натпревар ќе биде позната судбината на Куман.

Во меѓувреме Мартинез пренесува дека на состанокот со Лапорта му се обратил со зборовите: Со овие играчи од мене не можеш многу да очекуваш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер објави уште едно ново засилување пред почетокот на Светското клупско првенство

Од Интер официјално го објавија доведувањето на крилото Луиш Енрике со трансфер од Марсеј.…