Дејан Кулушевски е првото засилување за италијанскиот шампион Јувентус, откако „бјанконерите“ го договорија неговиот трансфер во јануари.
19-годишниот офанзивен фудбалер со македонско потекло блеска оваа сезона во Серија А и со добрите игри си обезбеди трансфер во „старата дама“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус за неговиот потпис на Аталанта и плати 35 милиони евра плус се обврза во следните години да исплати уште 10 милиони во име на бонуси.
За неговиот потпис силно беше заинтересиран и Интер, а Кулушевски откри дека го избрал Јувентус поради тренерот Сари.
„Би сакал да ја завршам оваа сезона на најдобар можен начин и едвај чекам да му се приклучам на Јувентус. Одам во тој клуб за да учам и да растам како играч. Едвај чекам да играм заедно со Дибала. Пред мечот Парма – Јуве Роналдо, Буфон и Киелини ме поздравија и му посакаа добредојде“, изјави Кулушевски.
„Зборував со Сари и поради него го избрав Јувентус, ми се допаѓа начинот на кој играат неговите тимови. Тактиката на Конте е различна и тоа ми создаваше сомнеш, поради тоа го избрав Јуве“, откри Кулушевски.