Дома Топ вести Крос: Луѓето претеруваат, како со мене секој натпревар да завршуваше 4:0

Крос: Луѓето претеруваат, како со мене секој натпревар да завршуваше 4:0

Реал Мадрид не блеска на стартот од новата сезона, а мнозинството навивачи, аналитичари и јавноста сметаат дека главен „виновник“ е Тони Крос.

Германецот летово ги шокираше сите со одлуката да се пензионира, kлубот го доведе Килијан Мбапе, меѓутоа остана „дупката“ на средината на теренот.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Но, Крос смета дека на тимот му треба време и не се согласува дека неговото отсуство е толку голем проблем.

„Луѓето сега претеруваат и зборуваат како Реал Мадрид да победувал на секој натпревар со мене со 4:. Работите сигурно не изгледаат добро, но поминавме низ слични фази и кога бев таму“, изјави Крос.

Сепак, факт е дека овој среден ред на Реал Мадрид е сосема поинаков од оној кога Крос и Модриќ играа во тандем, а тоа има ефект на главните играчи во нападот кои добиваат помалку корисни топки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фудбалер на Звезда го налути Вучиќ со изјавата по натпреварот со Интер

Претседателот на Србија Александар Вучиќ следи што се случува со спортот во неговата земја…