Поранешниот вардарец и ракометен „џин“, Даинис Криштопанс по неколку сезони во ПСЖ ќе се пресели во германската Бундеслига.
Летонецот потпиша договор со тимот на Мелсунген кој гради амбициозен проект со кој се очекува да има важна улога во германскиот шампионат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешниот ракометар на Вардар во Меслунген повторно ќе биде соиграч со Рожерио Фереира Мораеш и Глеб Каралаш. Исто така тренер ќе му биде Роберто Гарсија Парондо со кого во Вардар ја освоија европската круна.
Договорот кој го потпиша Криштопанс е со важност до 2027 година.