Легендата на светскиот тенис Мартс Виландер кој во изминатите години работи како аналитичар во „Еуроспорт“ не криел дека Новак Ѓоковиќ не му е помеѓу омилените тенисер.
Сега одново го докажа таквиот став и ги дочека своите „пет минути“ да го критикува Ѓоковиќ во годината во која српскиот тенисер не игра на највисоко ниво.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Виландер порача дека Ѓоковиќ е еден обичен тенисер и дека не се издвојува во однос на останатите, за разлика од Надал и Федерер.
„Федерер и Надал беа уникатни со нивниот стил на игра кој беше недопирлив за останатите, против Ѓоковиќ не е толку тешко да се игра. Неговите топки се технички чисти и не се проблем за противниците. Во овој момент сите веруваат дека можат да го победата. Не велам дека стана просочен тенисер, меѓутоа не се разликува од останатите“, истакна Виландер.
Вечерва од 20:15 часот, Ѓоковиќ го чека настапот од третото коло на Ролан Гарос против Италијанецот Лоренцо Мусети.