Дома Фудбал Лига на шампиони Кристиано Роналдо – Пола човек, пола рекорд!

Кристиано Роналдо – Пола човек, пола рекорд!

Португалецот Кристиано Роналдо во вчерашниот натпревар против Апоел собори уште еден рекорд.

За каков рекорд станува збор?

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Во победата на Реал Мадрид над Апоел на „Сантијаго Бернабеу“ од првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, Кристиано Роналдо допринесе со два погодоци. Првиот го постигна во раната фаза од натпреварот по асистенцијата на Герет Бејл, додека вториот дојде од пенал на почетокот на второто полувреме.

Тој гол беше вкупно 12 со удар од белата точка со што стана и рекордер по бројот на реализирани пенали во најелитното фудбалско натпреварување на стариот континент.

Оние кои го „хејтаат“ ќе кажат дека со овој рекорд само го потврди прекарот „пеналдо“, меѓутоа Португалецот е фудбалерот кој постигнал најмногу голови во историјата на Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Рафиња прогласен за „Играч на сезоната“ во Ла Лига

Напаѓачот на Барселона, Рафиња, беше прогласен за „Играч на сезоната“ во Шпанското фудбалс…