Огромна казна од најмалку 30 милиони евра ќе плати Кристиано Роналдо, ако судот во Шпанија потврди дека е виновен по обвинението за кое се терети, пренесува „АС“.
Имено, ѕвездата на Реал Мадрид е под обвинение дека затаил данок од 14,8 милиони евра за своите имиџ права во периодот од 2011 до 2014 година.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Обвинителството тврди дека осојувачот на „Златната топка“ ги користел услугите на офшор компании од Девствените острови, за да затајува даноци. Има четири обвиненија, по едно одделно за 2011, 2012, 2013 и 2014 година.
За секое од нив е предвидена казна затвор од 2 до 6 години, меѓутоа обвинителството ќе настојува за општа казна затвор од 7 години.
Покрај казната од 30 милиони евра, Роналдо ќе мора да ги плати споремантите 14,8 милиони евра за кои се терети.
Hacienda se ratifica y sube la multa a Cristiano a 30 millones https://t.co/CcFPJoxEPH pic.twitter.com/JFgGGn8YHl
— AS (@diarioas) December 10, 2017