На битолски Пелистер сезонава не му оди во македонската прва лига и се најсериозниот кандидат за преселба во втората лига затоа што после 12 кола се уште немаат победа (8 порази, 4 нерешени).
Пред само неколку дена од клубот си замина тренерот Димитар Капинковски, а сега како што стојат работите има заминување и од играчкиот кадар. Според фотографијата објавена на социјалните мрежи си заминува еден од поважните играчи Хозе Домингез.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Домингез сезонава во најголем дел од почетокот на сезоната беше стандарден, а на последните три натпревари ги одигра сите 90 минути.
Пелистер пред почетокот на сезоната се мачеше со финансиски проблеми и едвај оформи тим, изгледаше дека работите одат на подобро, но очигледно не е така, па ситуацијата можеби и се влошува.