Дека „Крвта не е вода“ и дека не е само обична поговорка се покажало многу пати, а сега се покажа и во примерот на семејството Мбапе.
Таткото Вилфред Мбапе беше фудбалски агент и тренер, нивната мајка по потекло од Алжир Фајза Ламари се занимаваше со ракомет, додека браќата Килијан, Етан и Јирес Кембо Екоко се фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најстариот брат Јирес Кембо Екоко е посвоен во семејството Мбапе и во овој момент настпаува за Бурсаспор во Турција. Некогаш го носеше дресот на Рен, но со оглед дека има 31 година јасно е дека на неговата фудбалска кариера и се гледа крајот.
За квалитетите на Килијан и не треба да се трошат премногу зборови сите знаеме за каков фудбалер станува збор, но што е со најмладиот брат Етан?
Имено, тој има само 13 години и неодамна се најде на листата на 48 најталентирани фудбалери во Франција на своја возраст. Импресивно зарем не, а француските медиуми најавуваат дека тој ќе се најде и листата кога овој список ќе биде скратен на 23 имиња.
Како и да е факт дека семејството Мбапе ќе нема потреба премногу да се грижи за својата иднина.
Можеби професионалниот фудбал наскоро ќе добие уште еден Мбапе, а со оглед на разликата на годините не би било невозможно некогаш во иднина да гледаме братски тандем во нападот на некој европски клуб.