Заврши одличната серија на Надал откако во финалето на Индијан Велс Шпанецот беше поразен од Тејлор Фриц со 0:2 во сетови (3.6, 6:7).
Фриц одигра еден фантастичен турнир и е првиот кој славеше оваа календарска година против 21 кратни Грен Слем шампион. Надал до овој меч беше во серија од 20 победи. Од стартот Фриц беше одличен и поведе со 0:4, а потоа иако Надал стигна до два брејка победатан е се доведе во прашање.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во вториот сет двајцата на правија по еден брејк. Откако Фриц не искористи меч поен на 4:5, Надал изедначи па се играше тај-брејк во кој клучен се покажа моментот кога Фриц при резултат 5:4 за Надал ги казни грешките на Шпанецот.
Фриц така стана првиот тенисер од САД кој освои АТП Мастерс од 2018 година или првиот од САД со триумф на Индијан Велс од 2001 година. Последен Американец пред Фриц кој славеше на овој турнир беше Андре Агаси.