Вчера Фиорентина успеа да запише важна победа против Парма во борбата за опстанок во италијанската Серија А.
По овој натпревар непријатност во домот дочекал Французинот Франк Рибери. Крадци влегле во домот на Рибери кога во него немало никој. Од домот на Рибери се украдени неколку чанти и накит.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рибери бил разочаран од ваквиот настан, па по она што го напиша социјалните мрежи изгледа како да најавува дури и заминување.
„После победата против Парма се вратив дома. „Дома“ во Италија каде што се решив да ја продолжам кариерата по годините во Минхен. Еве што најдов. Мојата сопруга остана без чанти и накит, сепак за среќа најважните работи се тука. Шокиран сум и не можам да го прифатам ова. Не трчам по милиони и фала му на Бога не ми недостига ништо и понатаму можам да трчам по топката. Топката е мојата пасија, но пасија или не моето семејство е на прво место и ќе ја донесеме најдобрата одлука за нас како семејство“, напиша Рибери.