Милан, Наполи и Интер водат жестока битка за титулата во Серија А и ќе биде исклучително интересно до самиот крај.
Милан и Наполи беа во пол-позиција, меѓутоа лошите резултати во претходните неколку кола му дозволија на Интер да биде прв фаворит за Скудетото.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На шест кола до крајот Милан е лидер со 68 бода, Интер и Наполи имаат по 66, но „нероаѕурите“ имаат и натпревар помалку.
Сосема реална е ситуацијата два или три клуба на крајот да завршат со ист број на бодови, а тогаш се гледа меѓусебниот дуел.
Доколку трите клуба завршат со ист број на бодови, тогаш Милан ќе биде шампион, Интер на второто место, а Наполи на третото место.
Милан има подобар меѓусебен скор од Интер, а идентичен меѓусебен дуел со Наполи.
Доколку Интер и Наполи завршат со ист број на бодови, тогаш шампиони ќе бидат „нероаѕурите“ бидејќи имаат подобар меѓусебен скор од наполитанците.
Интересно ќе биде доколку Милан и Наполи завршат со ист број на бодови, бидејќи имаат идентичен меѓусебен скор (0:1 и 0:1), тогаш ќе одлучува гол разликата.