Неверојатниот Кристиано Роналдо веќе постигна четири гола на Мундијалот, а она што е уште поимпресивно е фактот што Португалецот игра на највисоко ниво и на свои 33 години.
Се чини дека физичките способности на Роналдо воопшто не се намалени, без разлика на неговите години, па и понатаму со леснотија ги претрчува чуварите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѕвездата на Реал Мадрид ги победи сите 736 фудбалери кои се дел од големиот фудбалски турнир во Русија во брзината.
На мечот против Шпанија, Португалецот постигна брзина од цели 33,95 километри на час, а со тоа во моментов стана најбрзиот фудбалер на Светското првенство.
Најблиску до Роналдо во однос на брзината беше фудбалерот на Перу, Луис Адвинкула, кој стигна до 33.77 километри на часна мечот против Данска.
Трет на листата најбрзи, барем засега, е крилниот напаѓач на Хрватска Анте Ребиќ со максимална брзина од 33.30 километри на час.
⚡️⚡️⚡️ pic.twitter.com/hdqmzLrOHi
— B/R Football (@brfootball) June 21, 2018