Фудбалската федерација на Косово реагираше кај УЕФА на прославата на српските фудбалери по пласманот на светското првенство.
Србија ја победи Португалија и обезбеди директен пласман на Мундијалот во Катар, фудбалерите прославуваа со „три прста“, и пееја националистички песни, тврдат од Косово кој се жали во УЕФА.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„ФФК ќе испрати жалба до УЕФА и ФИФА во врска со постапките на српските фудбалери, кои по натпреварот со Португалија се појавија во маици со иредентистички и националистички натписи“, објави Фудбалската федерација на Косово.
Освен маичките на кои Косово е составен дел од Србија, Косоварите како проблем ги потенцираат и песните кои ги пееја српските фуидбалери, како и гестикулирањето со симболот три прсти.
"The FFK will file a complain to UEFA regarding the action of Serbian footballers, who after the match with Portugal appeared in shirts with irredentist & nationalist inscription."
— Kosovan Football 🇽🇰 | 💉 (@kosovanfooty_EN) November 15, 2021
via FFK pic.twitter.com/vxIxcI6bBB