Oд фудбалскиот сојуз на Косово изразија незадоволство за однесувањето на српските навивачи во вчерашниот натпревар и побара УЕФА да ја казни Србија.
Преку официјално соопштение од федерацијата Косово потврди дека испратиле жалба до УЕФА со цел да се казни Србија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Фудбалскиот сојуз на Косово ја известува јавноста дека официјално реагираше кај УЕФА поради прикажување знамиња, слогани и шовинистички и расистички пораки од српските навивачи. Прикажување на такви пораки на еден голем настан како Европското првенство е неразумно и апсурдно. ФФК испрати жалба со неопходните докази до УЕФА и бара преземање дициплински мерки против Фудбалскиот сојуз на Србија“, стои помеѓудругото во соопштението од Косово.
Ќе потсетиме, УЕФА претходно отвори постапка против Албанија поради навивачите во дуелот со Италија.