Стефан Даскалов за Спортски од Амстердам
Од пред два дена македонската репрезентација е во Амстердам каде што се подготвува за дуелот со силните „лалиња“ утре. После деновите поминати во Букурешт, Амстердам е нешто сосема друго тука Холандија игра и домаќин, па духот на Еуро е повеќе присутен, но нешто ни фали…,Фали навивачиот македонски дух!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сите бевме воодушевени од сликите кои ги гледавме во Букурешт каде што од локалите преполни со македонски навивачи ечеше македонска песна, а што е најважно на крајот се помина без проблеми. Тоа е она што фали тука во Амстердам.
Македонските навивачи поради протоколите со ковид-19 нема да можат да допатуваат утре на легендарната „Јохан Кројф“ Арената каде што ќе се игра натпреварот.
Но, иако нема таква навивачка атмосфера како во Букурешт. Сепак, Холанѓаните се среќни кога до нив ќе помине некој со македонски обележје. Случајните минувачи сакаа да си кажат збор-два со нивниот ривал. Холандија не е блиску како Букурешт, меѓутоа веруваме дека барем дел од атмосферата во Букурешт ќе се пренесеше и во Амстердам ако се беше во нормално. Сјајот на градот во тој момент сигурно ќе беше поинаков…
Како и да е, утре очекуваме на трибините да се појават македонски навивачи кои живеат тука, па фудбалерите повторно би ја добиле потребната поддршка. Сепак, сликите од Букурешт беа незаборавни…