Вечер после полноќ не очекува и првиот натпревар од ¼ финалето на Копа Америка каде што силата ќе ја мерат селекцитие на Бразил и Паргвај.
Бразил: Примарната цел е остварена!
Мора да се признае дека Бразил не блеска на овој турнир кој се одржува во нивната земја, но барем ја остварија примарната цел, а тоа е пласман во нокаут фазата. Во првото коло многу потешко ја совладаа селекцијата на Боливија отколку што очекуваа. Немаше голови во првото полувреме, но сепак во вториот дел беа убедливи и победија со 3-0. Потоа следуваше дуелот против Венецуела, но за жал тука немаше голови и натпреварот заврши без победник. За овој дуел, селекторот не може да смета на услугите на Касемиро кој е суспендиран поради втор жолт картон, па на него место очекуваме да излезе Фернандињо кој не е за потценување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Паргвај: Со многу среќа до четвртфинале
Паргвај веќе се пласира во ¼ финалето од Копа Америка, а да бидеме искрени, тие тоа не го заслужија. Имено, оваа селелкција во групната фаза во три кола не победи ниту еднаш, па поради тоа и не вреди да биде дел од ¼ финалето, но работите се такви какви што се. Иако во првото коло имаа предност од 2-0 против Катар, сепак на крај успеаа да примат два гола и натпреваро да заврши без победник. Второто коло им беше голем успех иако не победија, но ремизираа против силната Аргентина, а веќе во последното коло изгубија од Колумбија.