Менаџерот на Челзи, Антонио Конте истакна дека неговиот тим треба да одигра „перфектен меч“ доколку сака да ја елиминира Барселона.
Двата тима ќе се сретнат утре во осминафиналето од Лигата на шампиони, а тимот на Конте ќе биде домаќин во првиот дуел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Од една страна знаеме дека излегуваме против еден од најдобрите тимови во светот, кој е фаворит да ја освои ЛШ. Од друга страна сме возбудени што ќе имаме можност да играме токму голем натпревар, кој ќе ни покаже на какво ниво е нашиот тим“, изјави Конте.
„За да победиме треба да одиграме перфектен натпревар и да се обидеме во секој момент да го имаме најдоброто решение. Тие се неверојатни кога ја имаат топката, но имаат и слабости, кога не играат со неа. Ние треба да го искористиме токму тоа“, заклучи Италијанецот.
Двата тима последен пат се сретнаа во Лигата на шампиони во 2012 година, кога во полуфиналето Челзи со вкупен резултат 3:2 ја елиминира Барселона, а потоа и гоосвои турнирот.