Антонио Конте денес ја имаше првата пресконференција како нов тренер на Интер и одговараше на новинарски прашања.
Миланскиот гигант денес ги започна подготовките, а Конте уште еднаш повтори дека нема граници и дека целта на неговиот тим е највисок пласман.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„Интер беше лесен, логичен избор за мене. Говориме за клуб со фантастична традиција, една од најбогатите истории во светскиот фудбал. Знам каква е состојбата, но ја делиме истата желба со челниците – да изградиме од почеток нешто ново, нешто значајно“, истакна Конте.
„Ова ќе биде тежок и долг пат за сите нас, но верувам дека ќе успееме. Јас како човек не гледам граници на можностите и истото ќе биде и случај со мојот нов тим. Новиот Интер нема да знае за лимити, ќе игра за да победи на секој натпревар. Не е тајна дека разликата меѓу Интер и Јувентус е голема, а и Наполи изминатите сезони беше пред нас. Наше е да ја намалиме разликата, да почнеме амбициозно и од самиот почеток да наметнеме победнички дух“, заклучи Конте.
Едно од неизбежните прашања на пресконференцијата беа и престојните натпрвари против Јувентус.
„Тоа сигурно ќе бидат емоционални натпревари за мене, но само додека не почне натпреварот. После ќе бидат жесток ривал на Јувентус, како и во целата сезона“, одговори Конте.
Конте на крајот потврди дека целосно се согласува со одлуката на раководството да ги стави на трансфер листа Икарди и Наинголан, играчи кои не се во плановите за следната сезона.
https://youtu.be/5PAl7kCo5GM