Тренерот на Интер, Антонио Конте е силно заинтересиран во своите редови да го донесе играчот на Челзи и шпански репрезентативец Маркос Алонсо.
„Нероаѕурите“ се на првото место на табелата во Серија А со два бода повеќе од Јувентус, па јасно е дека до крај ќе се бодат за Скудетото.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Конте сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а прва желба е токму Маркос Алонсо.
Левиот бек блескаше под водство на Италијанецот во Челзи и е идеален за неговиот стил на игра 3-5-2, па поради тоа Интер ќе се обиде да му ја исполни желбата.
Оваа сезона Алонсо не е прв избор кај Лампард, па наводно „сините“ се спремни да го пуштат во јануари, но „нероаѕурите“ ќе треба да се изборат со големата конкуренција.
Алонсо премина во редовите на Челзи во летото 2016 година од Фиорентина, па има искуство во Серија А.