Левиот бек на Барселона Маркос Алонсо и наредната сезона ќе биде дел од овој клуб.
Откако го раскина договорот со Челзи Алонсо пристигна во Барселона без оштета, а договорот му важеше се до крајот на актелната сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак со одличните настапи клубот донесе одлука за продолжување на соработката на една година, со опција да продолжи и до 2025 ако одигра одреден број натпревари.
Чави неодамна истакна дека е презадоволен од Алонсо и она што го прикажува на теренот. Во кариерата Алонсо беше дел од Реал Мадрид, Болтон, Фиорентина, Сандерленд и Челзи.
Покрај Алонсо, Барселона потврди и дека младиот Анхел Аларкон ќе остане во клубот најмалку до 2025 година и неговата откупна клазула сега изнесува 400 милиони евра.