Атлетико Мадрид на лето ќе се засили со искусниот дефанзивец на Барселона, Маркос Алонсо, пренесуваат шпанские медиуми.
Претседателот на Атлетико, Михел Анхел Хил Марин одамна е фан на Алонсо, па откако Атлетико не успеа да го ангажира од редовите на Челси, сега ќе ја искористи втората шанса за да го добие левиот бек.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Алонсо дефинитивно ќе си замине во летниот преоден рок, кога ќе стане слободен играч, бидејќи Барселона нема да ја користи опцијата за продолжување на соработката до 2025 година.
За Барса одигра 44 натпревари во сите натпреварувања, постигна три гола, но сезонава забележа само седум настапи.
🚨 Atletico Madrid have reached an agreement to sign Marcos Alonso this summer on a free transfer!
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 2, 2024
(Source: @sport) pic.twitter.com/4aV9VsVt8y