Севиља вчера во Келн го победи Интер со 3:2 и така по шести пат го освои трофејот во Лигата на Европа.
Во текот на натпреварот можеше да се забележи нервозниот Антонио Конте кој во еден момент влезе во конфликт со играчот за врска на Севиља, Евер Банега и поради тоа доби жолт картон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Конте прв почна да го исмејува Банега со гестикулација за неговата скромна висина од 170 сантиметри. Банега му возврати така што помина со прст по главата и му одговорил: „Дај да видам дали периката ти е вистинска“. Ова Банега му го кажа на Конте поради пресадувањето коса на Италијанецот.
Тренерот на Интер тогаш полуде и тргна кон играчот на Севиља, а камерите го уловија како покажува кон Банега и му порачува: Ќе те чекам по натпреварот.
Things got HEATED between Ever Banega and Antonio Conte ?
— Football on BT Sport #Club2020 (@btsportfootball) August 21, 2020
The Sevilla player appeared to make fun of Conte's hair…
Conte said "I'll see you after the game!" ?#Club2020 pic.twitter.com/PxAdcssGZa