Италијанските медиуми пренесуваат дека Антонио Конте од следната сезона ќе седне кормилото на Милан.
Наводно Конте постигнал начелен договор со „росонерите“ и на крајот на сезоната ќе го замени Пиоли на клупата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двете страни разговарале и за трнсферите, а најголема желба на Конте е капитенот на Наполи и италијански репрезентативец, Џовани Ди Лоренцо.
30-годишниот десен бек минатата година имаше клучна улога во освојување на титулата, а Конте верува дека е идеален за неговата формација 3-5-2.
Ди Лоренцо има договор со Наполи до јуни 2028 година, па на Милан нема да му биде лесно да го доведе на „Сан Сиро“.