Тренерот на Интер, Антонио Конте е полн со респект за тимот на Барселона пред утрешниот дуел во Лигата на шампиони.
Каталонците се веќе пласирани во нокаут фазата, и во Милано ќе пристигнат без наголемата ѕвезда, Лео Меси, додека „нероаѕурите“ мораат да победат за да го задржат второто место кое води во осминафиналето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, Конте смета дека токму фактот што Барселона ќе игра растеретено и без притисок може да создаде проблеми за неговиот тим.
„Ќе бидеме глупаци ако сметаме дека нема да имаме проблеми доколку играчите на Барса ја имаат топката. Ќе се обидеме да ги казнеме кога топката ќе биде во нашите нозе. Мојот тим многу напредуваше во споредба со првиот дуел пред два месеци“, изјави Конте.
„За нас е од огромно значење да продолжиме во нокаут фазата, бидејќи фудбалерите имаат потреба од искуство во ова натпреварување. Групата е тешка, Барса е во групата од 4-5 клуба кои сакаат да ја освојат ЛШ. Тоа што ќе играат растеретени и без притисок може да ни создаде дополнителни проблеми“, заклучи италијанскиот стартег.