Антонио Конте е убеден дека уште во првата година во Интер може да ја освои шампионската титула и да ја прекине долгогодишната доминација на Јувентус.
Конте во разговор со раководството побарал три засилувања во јануари, па едно на проблематичните позиции, а претседателот наводно му ветил дека ќе му ги исполни желбите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првата желба на Конте е левиот бек Маркос Алонсо, кој е идеален за формацијата 3-5-2 и кој блескаше под негово раководство во Челзи. Шпанецот оваа сезона не е стандарден, но „сините“ за неговата слобода бараат 40 милиони евра.
Во средниот ред најголема желба е Артуро Видал, кој не е задоволен во Барселона. Проблем може да биде цената на Чилеанецот, па „нероаѕурите“ ќе се обидат да го донесат на позајмица.
Во нападот прва мета е Оливие Жиру од Челзи. Французинот има договор со „сините“ до крајот на сезоната, но Интер ќе бара од Челзи да го ослободи шест месеци порано со оглед на фактот дека добива мала минутажа.