Дома Останати Конечно: Ѓоковиќ се враќа на терените во декември!

Конечно: Ѓоковиќ се враќа на терените во декември!

Еден од најдобрите тенисери во светот, Новак Ѓоковиќ ќе се врати на терените после повредата уште во декември на егзибицискиот турнир во Абу Даби.

Ѓоковиќ е надвор од терените поради повреда уште од јули месец, а сега официјално потврди дека ќе се врати на турнирот во Абу Даби кој на програмата е од 28-ми до 30-ти декември.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Среќен сум што се враќам во Абу Даби и што ќе бидам дел од 10-то издание на овој турнир. Голема е честа да се настапува на овој шампионат бидејќи покрај мене ќе играат фантастични тенисери и тоа ќе биде вистински вовед на сезоната. Абу Даби е фантастично место и ова ќе биде голем настан за сите фанови“, изјави Ѓоковиќ.

Покрај Ѓоковиќ враќање на терените најави и Стан Вавринка, кој исто така паузираше поради повреда, а во Абу Даби уште ќе настапат и Рафа Надал, Доминик Тим, Милош Раониќ и Пабло Карењо-Буста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Бекер: Ѓоковиќ нема да се откаже од 25. гренслем-титула, но времето го гази

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер зборуваше за шансите на Новак Ѓоковиќ за освоју…