Бившиот француски репрезентативец, Самир Насри може да ја продолжи кариерата во Андерлехт, пренесуваат англиските медиуми.
„Скај Спорт“ пренесува дека овој трансфер е можен благодарение на неговиот пријател Винсент Компани, кој ова лето се врати во Андерлехт каде што ќе биде играч и тренер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двајцата долго време поминаа заедно во Манчестер Сити и наводно Компани го убедил Насри да ја прифати понудата на белгискиот клуб.
Насри после суспензијата минатата сезона 6 месеци помина во Вест Хем каде одигра само 5 меча и сега е слободен агент.
Anderlecht are in advanced talks to sign Samir Nasri on a free transfer. (Source: SkySports) pic.twitter.com/OtQqs1t3FQ
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 5, 2019