Пјерлуиџи Колина денес го слави својот роденден, па по тој повод медиумите потсетија на неговата најголема грешка во кариерата.
Ви текот на кариерата Колина ги судеше најголемите натпревари на клупско и репрезентативно ниво и многумина го паметат како најдобар судија во историјата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголемата грешка во кариерата Колина можеби ја направи во август 2005 година во реванш натпреварот од последното претколо во квалификациите за Лигата на шампионите помеѓу Евертон и Виљареал.
Данкан Фергусон скокна највисоко после едно уфрлување од корнер и ја затресе мрежата. Со тој гол Евертон обезбедеше продолженија. Меѓутоа Италијанецот мистериозно досуди фаул. Ситуацијата можете да ја погледнете на 3:50 од видеото.
Место натпреварот да оди во продолженија Виљареал длабоко во судиското продолжение постигна гол за 2:1 преку Диего Форлан и така обезбеди место во групната фаза од ЛШ. Виљареал во таа сезона стигна до својот најголем клупски успех, полуфиналето во Лигата на шампионите.