Легендарниот Италијанец, Пјерлуиџи Колина имаше пофални зборови за полскиот арбитар Симон Марчињак за судењето во финалето помеѓу Аргентина и Франција.
Марчињак стана првиот судија која претходно не судел финале во Лига на шампиони, а добил можност да суди финале на Светско првенство. Според Колина Полјакот бил на висина на задачата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Марчињак во финалето беше подобар од технологијата. Се што досуди беше исправно и точно“, изјави Колина.
И поранешниот англиски судија, Хауард Веб истакна дека Марчињак бил одличен. Во јавноста од друга страна најмногу коментираше имаше за досудениот пенал во првото полувреме од кој Меси ја доведе Аргентина во водство.