Кристијано Роналдо постигна два гола против Франција и со тоа ја однесе Португалија во осминафиналето на ЕП.
Роналдо во дуелот кој се играше во Будеимпешта два пати погоди од белата точка и стигна до цифрата од 109 погодоци во дресот на репрезентацијата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Прославата за израмнувачкиот погодок можеше да биде кобна за најпопуларниот фудбалер на денешницата, ако еден од навивачите на Триколорите беше попрецизен.
Имено, еден од навивачите фрли шише Кока-Кола која помина покрај главата на Роналдо и за малку беше избегнат нов скандал на ЕП.
Некои велат дека шишето дури го погодило Роналдо во пределот на вратот бидејќи неколку минути подоцна беше снимен како се држи на тој дел од телото.
A coca cola bottle flying on to Cristiano Ronaldo as he celebrating his goals v France .. #Portugal #EURO2020 pic.twitter.com/Ys8bkTAxau
— Abied (@fi_sonic) June 24, 2021