Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Кока-Кола му одговори на Роналдо

Кока-Кола му одговори на Роналдо

Компанијата Кока-Кола, производител на безалкохолни пијалаци, одговори на капитенот на Португалија, Кристиано Роналдо, кој ги тргна шишињата со овој газиран пијалак на прес-конференција пред натпреварот со Унгарија.

Тој не само што не пие кока-кола и слични пијалци, туку и не сака да биде во нивна близина, па ги тргна од пред себе покажувајќи им на тие што го следеа неговото обраќање дека треба да пијат само вода.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Половина час подоцна кога Роналдо и Фернандо Сантос се појавија во прес-салата на стадионот Ференц Пускас, вредноста на акциите на Кока-Кола падна за 1.6%.

Кока-Кола се огласи и истакна дека „секој има свои желби за пиење“, додавајќи дека секој има различни „вкусови и потреби“.

„Секој има свој омилен пијалок и различни вкусови и потреби“, истакнаа од Кока-Кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…