Јувентус ова лето значително ја засили екипата во одбраната и средниот ред.
„Старата дама“ го ангажираше најдобриот млад дефанзивец во светот, Матијас Де Лихт додека во средниот ред пристигнаа Арон Рамзи и Адриен Рабио.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Меѓутоа главоболки на стручниот штаб на Јувентус му претставува фактот што не успеваат да се ослободат од вишокот.
После натпреварот против Атлетико Мадрид за таа ситуација зборуваше Маурицио Сари кој ќе има проблем да ја состави листата од 22 играчи кои ќе можат да настапуваат во Лигата на шампионите.
Според сегашната ситуација Сари ќе мора да „отпише“ шест одлични играчи за кои едноставно нема место во тимот.
Како што најавуваат медиумите во Италија за Лигата на шампионите нема да бидат пријавени: Матија Перин, Лука Пелегрини, Даниеле Ругани, Сами Кедира, Марко Пјаца и Марио Манџукиќ.