Maкедонскиот репрезентативец Илија Несторовски се уште се опоравува од повредата поради која го пропушти Европското првенство.
Несторовски пред два месеци се врати на тренинзите за Удинезе, а во поголемиот дел работеше според посебна програма на лекарскиот тим на калчолигашот. Сезонава се уште нема настап, а споредп оследните информации од Италија тој ќе биде спремен за нешто повеќе од еден месец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последниот натпоревар Нестор го одигра во април, а доколку нема нови проблеми тој би се вратил на почетокот на декември. Во декември Удинезе го чекаат натпревари со Лацио и Емполи.