Дома Останати Тенис Кога Федерер ќе се врати на терените?

Кога Федерер ќе се врати на терените?

Швајцарскиот тенисер, Рожер Федерер изјави дека до сега не му било дозволено да трча и да прави вежби и дека во април или мај ќе знае кога би можел да се врати на официјалните натпревари.

Последниот меч Федерер го одигра уште во јули Вимблдон кога беше поразен во четвртфиналето од Хуберт Хуркач. Потоа му беше направен уште еден хируршки зафат на коленото, што беше трета операција во краток период.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кон крајот на годината изјави дека се надева дека ќе биде спремен за Вимблдон. Сепак, во последното интервју истакна дека се уште не знае со сигурност кога ќе може да се натпреварува.

„Важни месеци се пред мене, во април ќе знам повеќе. Досега не можев да трчам скокам или правам напорни вежби…Се надевам дека ќе го можам тоа за неколку недели. Ќе видиме како моето тело ќе реагира на тоа. Во април или мај ќе го имам одговорот кога се враќам. Желбата постои, мотивиран сум и го правам тоа смеам“, изјави Федерер.

Во кариерата Федерер освои 20 гренслем титули, вкупно 103 тродеи, а на првата позиција на АТП помина 310 недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…