Дома Фудбал Италија Ковид хаос во Џенова: Пандев и Елмас во опасност пред Косово!

Ковид хаос во Џенова: Пандев и Елмас во опасност пред Косово!

Екипата на нашиот капитен Горан Пандев, Џенова вечерва објави дека 14 лица од клубот се позитивни на коронавирусот, од кои 8 се играчи.

Од италијанскиот тим не откриваат за кои играчи се работи и дали Горан Пандев е еден од заразените.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тестовите биле направени денеска, после натпреварот против Наполи на нашиот Елиф Елмас, а после добивањето на резултатите целиот тим е ставен во изолација.

Според протоколите, сега треба да бидат тестирани и играчите на Наполи, а ние се надеваме дека нашите репрезентативци нема да бидат дел од заразените играчи и ќе бидат подготвени за настап против Косово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Контроверзниот сопственик на Наполи предлага револуција

Се редат реакции по катастрофата на фудбалската репрезентација на Италија во Босна и Херце…