Премиерот Димитар Ковачевски имаше интересна средба со премиерот Еди Рама на која му подари и дрес од кошаркарската репрезентација на Македонија.
Засега не е позната причината поради која македонскиот премиер се одлучи на ваков начин да го пречека својот колега.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Со мојот колега, премиерот Еди Рама, делиме исти визии за тоа како треба да изгледа една напредна, модерна и европска земја и регион, каде граѓаните ќе живеат со подобар стандард.
Наша цел е да градиме мостови меѓу двете земји, да ја унапредуваме инфраструктурата, економијата и заедно да ги надминуваме предизвиците.
Најтешката зима која е пред нас, предизвикана од светската енергетска криза и воените превирања, ќе ја пребродиме солидарно со меѓусебна поддршка и соработка“.